#Совети&Новости

Facebook Watch – глобален гигант

Facebook Watch, платформата за гледање на видеа од Facebook порасна во гигант сам по себе, достигнувајќи над 1.25 милијарди корисници месечно.

Растот на оваа платформа, која во себе вклучува видеа од настани во живо, оригинални емисии, спорт емисии, вести, спотови и содржина прилагодена на индивидуалниот корисник е индикатор дека станува сериозен конкурент на Youtube, кои тврдат дека имаат скоро 2 милијарди логирани корисници месечно.

„Милијарда не се достигнува туку така, без да се има фокус и посветеност на нешто кое има вредност”, кажа Matthew Henick, потпретседател на содржина и планирање во Facebook.

И сосема е во право. Без план и стратегија успехот не доаѓа сам по себе. Рекламирањето кое е фокусирано на Facebook Watch платформата докажува дека видеата се од значителен придонес во претставување и промовирање на еден бренд. 

Пандемијата допринесе во големиот раст на оваа платформа, каде што главниот фокус беа, и сеуште се, видеата во живо. Содржината каде што се гледа најголем раст последниот период е во доменот на игрите, фитнесот и спиритуалниот раст.

Но, пред да се започне со креирање на видеа посветени на промовирање на услугите на брендот, потребна е дигитална маркетинг стратегија која ќе ни помогне да стигнеме до целта. Повеќе за дигитална стратегија прочитајте тука.

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!