#Совети&Новости

Каква веб страна треба да имаат салоните за мебел?

Клиентот поминува одреден дигитален пат за да стигне до услугите кои брендот ги нуди. Тој дигитален пат се случува со претходно пребарување низ интернет за потребите кои ги има клиентот.

Едно реално сценарио би било каде што потенцијалниот купувач пребарува “мебел за дневна соба” на Google, и доаѓа до листа на веб страни. Има премногу резултати и конкуренција, но се одлучува да кликне на првата веб страна, и наидува на веб страна која не е прилагодена на мобилен телефон, нема доволно спецификации за мебелот, дизајнот на веб страната е збунувачки и не е направен да е интуитивен за корисникот, и во тој момент купувачот одлучува да ја исклучи таа веб страна. Од потенцијален купувач преминува во непостоечки.

Ова е проблемот кој е неопходно да се избегне.

☝️ Наш дизајн за изглед на веб страна за салон за мебел

Целта на веб страната е брендот да го претстави во супер светло, да му ги долови продуктите на купувачот на креативно дизајниран начин, со детално претставени димензии, бои на продуктот, спецификации, без да направи купувачот да се чувствува збунето обидувајќи се да се снајде барајќи информации низ веб страната.

☝️ Наш дизајн за изглед на апликација или мобилна веб страна за салон за мебел

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!