#Совети&Новости

Која е предноста бизнисот да поседува веб страна и онлајн продавница?

Без разлика дали се работи за стартап или поголема компанија, голем број на бизниси ги доживуваат секојдневните бенефиции од тоа да поседуваат сопствена веб страна и онлајн продавница. Во денешното конкурентно и дигитализирано општество предност е да му се овозможи на купувачот, со леснотија и брзина, да си купува од комфорот на сопствениот дом пред сопствениот смартфон или компјутер. Ова прави онлајн продавниците да станат едно од најфлексибилните решенија и за сопствениците на бизнис, но и за купувачите.
Ако сеуште размислувате дали да отворите веб страна за вашиот бизнис која ќе ги поседува предностите на онлајн продавницата, еве 5 причини зошто ова е важно за вашиот бизнис и како ќе допринесе во раст на приходот!

Раст на вашиот бренд.

Онлајн продавницата е идеално решение за вашиот бизнис да стане од “исклучиво физички достапен бренд” во иновативен бренд кој ќе биде посетуван од илјадници секојдневни интернет корисници. Со самиот факт дека вашиот бренд ќе биде 24/7 присутен со услугите кои ги нуди, со активен блог и социјални медиуми, веб страната и онлајн продавницата ќе станат “дом” за вашиот бренд и продуктите кои ги продавате.

Комфор.

Онлајн продавницата е достапна секој час, секоја секунда, секој ден. Луѓето денес немаат секогаш време за физички да купуваат, туку одлучуваат да го искористат комфорот од нивниот дом за да донесат одлука за тоа што ќе купат. Земете го за пример Тинекс, патот до маркет, чекањето редици на каса и ставањето на продуктите во ќеси е скратено за неверојатни саати со нивната онлајн продавница.

Онлајн продавницата го зголемува достигот на вашиот бизнис.

Интернетот е присутен во секој дом, а тоа значи дека вашиот бизнис и услугите кои ги нуди се достапни за стотици илјадници луѓе во Македонија, а и пошироко. Замислете колку луѓе би достигнале доколку поставите табла пред вашата продавница која комуницира попуст, и колку луѓе би постигнале доколку се креира Google рекламна кампања, Facebook рекламна кампања која ќе ги донесе сите оние кои седат на својот смартфон или компјутер до вашата веб страна? Да, со втората опција можете да стигнете буквално до секој човек.

Развивање на маркетинг можности.

Веб страната е маркетинг алатка која 24/7 го промовира вашиот бренд. Користејќи ги можностите на SEO оптимизацијата, синхронизацијата со рекламирањето на социјални медиуми, рекламирањето на гугл пребарувачот, вашиот бизнис ќе добие гледаност која е непоборлива.

Одржливост.

Доколку веб страната подржува онлајн продавница може да му помогне на бизнисот да доживее неминовен раст. Искористете ја дигитализираната денешница и професионален тим.

Веб страната е совршена алатка за да воспоставите супер комуникација со вашите потенцијални клиенти!

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!