#Совети&Новости

Маркетинг стратегијата не е научна фантастика

Низ годините на постоењето на бизнисот колку всушност застануваме и рефлектираме на целите на бизнисот, колку тие цели се постигнати и дали правиме нешто погрешно доколку од година во година, бизнисот оди во надолна линија?

Можеби ќе ви биде чудно, но има бизниси кои постојат десетици години, и само тоа и го прават, постојат, без никаков напредок, испуштајќи ги сите потенцијали и можности да станат едни од лидерите на пазарот. Грешката не лежи во сопствениците, грешката лежи во непознавањето на вистински стратешки пристап кој нема да дозволи да се исклучат светлата на бизнисот. Стратешки пристап не е само продажба, или пак слепо следење на трендови мислејќи дека ако сме во тек со трендовите ќе биде подобра продажбата. Не, тоа е мит.

Мислата дека бизнисот е безбеден ако има физички локал, табла пред локалот, вработени и доволна палета на услуги и производи не е доволна. Сите овие елементи бараат одржливост, што значи без да расте бизнисот тие елементи ќе станат слабост, а не безбедност. За ова е доказ кризата со Covid-19, која со својот замав ги „собра” бизнисите како ураган. Но, вината не е во Covid-19, вината е во тоа што тие бизниси не поседувале стратегија која во себе ќе има ја има решено и crisis management (менаџирање на криза) фазата во еден бизнис.

Стравот од инвестирање во маркетинг стратегија и маркетинг активности прави бизнисот да ја изгуби битката со конкуренцијата.

Како до безбеден бизнис, дури и во најголемите кризи? Едноставно е, со соодветна маркетинг стратегија, која, да напоменеме, не се креира или учи во 5 минути, и не е нешто кое сами, или некој кој има познавање може да го креира.

Предностите на маркетинг стратегијата

Една од најважните предности кога се креира маркетинг стратегијата е истражување на пазарот. Без однапред да знаеме каква е конкуренцијата на пазарот, како таа се претставува, како низ годините се развивала и кои се слабостите, бизнисот ќе биде нестабилен и ќе се обидува да ги следи гореспоменатите трендови, губејќи сe уште повеќе во бранот од конкуренција. Нема да биде тренд-сетер, ќе биде следбеник на трендови кои не се негови.

Друга предност е создавање на заедница со брендот, и тоа не се постигнува преку ноќ. За да изградиме заедница со нашите клиенти треба да го знаеме нивниот пат, нивното искуство во купувањето, и пред сè, да знаеме како да владееме со дигиталните канали кои клиентите ги користат.

Најважната предност е конзистентноста. Ако бизнисот не е конзистентен во сè она кое што маркетинг стратегијата ќе го дефинира, падот е неизбежен. Дигиталната присутност на бизнисот е неопходна, и не, дигитална присутност не е само Facebook и Instagram. Тоа е само шлагот од тортата. Сите дигитални канали се неопходни да се вклучат во маркетинг стратегијата.

Никогаш не е доцна да се започне со соодветна стратегија. Ефектот на таа стратегија ќе допринесе раст, кој нема да е преку ноќ, но ќе биде долгорочен и сигурен. Нема поголема безбедност за вашиот бизнис од онаа да знаете дека позади вас стои тим подготвен да се соочи со секој предизвик. Ако ја препознавате вредноста на тоа, има надеж!

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!