#Совети&Новости

Што опфаќа Водичот за еден бренд?

Генералното претставување на вашиот бренд е тоа што вашите клиенти најпрвин ќе помислат кога ќе го слушнат името на брендот или ќе го видат неговото лого. 
Брендот е она кое што ја отсликува вашата компанија. Со тонот на брендот, содржината која што се креира и визуелниот изглед, клиентите го доживуваат целосното искуство на брендот.

Водич за брендот/Brand Style Guide ги опфаќа сите елементи на вашиот бренд и овозможува да е полесно разбирлив, особено во интерни или екстерни компаниски употреби.

Што сè опфаќа креирање на еден Водич за брендот*?

1. Стратегијата на брендот

Клучни информации за пазарот во кој што се наоѓа бизнисот и како брендот се разликува од останатите

2. Објаснување на Визијата и Мисијата

3. Архитектура на брендот

Детализирање доколку брендот е umbrella brand и сите под-брендови кои ги опфаќа

4. Позиционирањето на брендот

5. Користење на корпоративни елементи

Меморандум, бизнис картичка, веб страна, брошура, каталози, итн. објаснети во прецизни димензии

6. Боите на брендот

Детално објаснети во PMS, RGB, CMYK и останати формати

7. Правилно корристење на логото

8. Фонтови на брендот

Определување на примарни и секундарни фонтови

9. Гласот на брендот  

Информации за тонот, дигиталното “однесување” на брендот и како брендот се претставува

*Водичот за брендот ги отсликува веќе креираните гореспоменати елементи, или пак се креираат сите елементи кои понатаму се објаснуваат во Водичот.

Со поседување на Водич за брендот, вработените во компанијата многу полесно ќе разберат што претставува брендот, исто така како да ги имплементираат сите елементи.

Дали вашиот бизнис има соодветен Водич за брендот и колку темелно водичот е посветен на олеснување на интерната функција во компанијата?

© 2014-2020

Пополнете ја формата и откако ќе ја разгледаме Вашата порака нашиот тим ќе Ве контактира!